https://m.youtube.com/shorts/pkB9xlaCeAU
Во традиционалната кинеска медицина, телото се гледа како динамичен систем, што постојано се менува со времето, средината и секој дневниот ритам. Затоа една состојба не треба да се проценува само во еден момент.
По некогаш истиот симптом има различно значање на утро, по пладне или на вечер, затоа што функцијата на телото се менуваат во текот на денот. Особено важен е односот меѓу активноста и одморот. Во текот на денот, телото е насоћено кон движење, работа и надворешна активност, додека на вечер постепено преминува во состојба на обновување.
Кога овој ритам е нарушен, на пример со доцно легнување, хроничен недостаток на сон или постојана психичка напнатост, организмот може да ја изгуби својата нормална рамнотежа. Од оваа перспектива сонот не е пасивна пауза, туку активен период на регулација и обновување. За време на сонот, телото ги прераспределува ресурсите, го намалува на дворешното оптоварување и создавај услови различните системи, повторно да се усогласат.
Ако овој процес постојано се прекинува, проблемот не мора веднаш да се покаже како една конкретна болест, но со текот на времето може да се појват замор, раздразливост, проблеми со концентрацијата, дигестијата или отпорноста на организмот. Затоа кинеската медицина често обрнува внимание на времето кога се појавуба симптомот, колку долго трае и дали се менува во текот на денот.
Токму промената низ времето може да даде важна информација за тоа како функционират целиот систем.
Кога скојдневниот ритам е стабилен, кога има доволно сон, редовна исхрана и соодветен баланс медиоактивност и одмор, телото полесно ја одржува сопствената регулација. Затоа превенцијата треба да започнува многу порано од моментот кога се појавуваат веќе сериозни симптоми.
