ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ
1.ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ЛЕКАРИТЕ И УПАТСТВАТА ЗА ТРЕТМАН НА ЛЕКАРИТЕ
Центарот„Тонг Да Танг“ е тим од елитни лекари со 20-годишна историја и богато искуство во лекување на разни нерешливи болести, од кои се лекувале повеќе од 55.000 пациенти. Пациентите што се третираат, а се со нерешливи болести, процесот на лекување е посебен. Ако има некаква реакција додека трае терапијата и после завршување на трапијата е сосема нормално. Потребно е да се следат упатствата дадени од страна на лекарите. Состојбата ќе се подобри и излечи со континуиран третман, кој е нормален медицински процес. Целата процедура и крајните резултати од третманот варираат од пациент до пациент. Крајната цел на нашиот третман е ефикасно да ги контролираме симптомите на болеста на долг рок и целосно да се справиме со основната причина за болеста. Затоа, на почетокот на третманот и на целиот процес на лекување, особено е потребна активна соработка на пациентот, а пациентот треба да биде трпелив и да истрае на непријатноста што се јавува. Лекарите не можат да Ви кажат со колку терапии ќе се реши Вашот проблем , бидејќи секој пациент е различен и различна е дијагнозата може само да Ви се посочат искуства од долгогодишната работа. Генерално промената се чувствува после 3 -тата до 5- тата терапија, но велиме зависи од хроничноста на вашата болест и од влијанието на други хронични болести, доколку ги имате. Но постојат и пациенти кои континуирано користат традиционална кинеска медицина како превенција за спречување на појава на болести, бидејќи со современиот начин на живот потребана е превенција за нашето здравје . Обврска на пациентите е да го платат прегледот и направената терапија кај административното лице, и да ги следат упатствата и препораките на лекарите за продолжување на лекувањето.
2. ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ТРПЕНИЕ!
1.Клиниката не може точно да го гарантира Вашето време за закажување и прием за третман и лекување и за изведување на истиот. Во текот на процесот на медицински консултации, неизбежно ќе се појават разни итни случаи, што ќе го одложи времето на посета на следниот пациент. Затоа, Ве молиме организирајте доволно време за прием и третман , околу 1 час. Откако ќе наидете на долго чекање, треба да оставите доволно простор за да се справите и да ги приспособите Вашите обврски! Ве замолуваме да ги разберете ваквите слични ситуации, Ве молиме да не се жалите, бидејќи тоа е нормална ситуација кога за медицинска консултација кај некоја проблематична и итна дијагноза потребно е лекарите да посветат повеќе време од предвиденото согласно сериозноста на проблемот. Па потоа целиот ред на чекање на следните пациенти се поместува, односно пореметува.
3. Безбедност во центарот „Тонг Да Танг“
За пациентите со лошо однесување, доколку се појават следните ситуации, лекарот има право веднаш да го прекине лекувањето, а одговорноста е на страна на пациентот. - За пациентот кој ја прекршува медицинската декларација (Изјава) и има непријатни реакции во текот на процесот на лекување, не ги прифаќа упатствата дадени од страна на лекарот и не соработуваат со лекарот за завршување на лекувањето, лекарот има право веднаш да го прекине лекувањето, а последиците се на ризик на пациентот. - За пациенот кој не го почитува однесувањето на лекарите и персоналот, се однесуваат грубо, со сериозни навреди, непристојно и упатуваат лични закани кон нив, лекарите и персоналот имаат право веднаш да му посочат на пациентот да ја напушти ординацијата и да повикаат полиција. - Врз основа на никаков изговор не може пациентот да бара враќање на сретствата кои веќе се наплатени за извршен преглед и третман. Центарот „Тонг Да Танг“ е под судска заштита. Според законот, како доказ за судско гонење има видео надзор за безбедност и заштита како и снимки од телефонски разговори на пациентите. Затоа, доколку дојде до ситуација која ја нарушува работната безбедност на центарот „Тонг Да Танг“, тогаш центарот „Тонг Да Танг“ автоматски ќе го пријави случајот во полициска станица и ќе спроведе судско гонење.