Изјава и политика на приватност на клиниката

1. Согласно член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 42/20), со оваа изјава ја изразувам својата согласност во смисла на член 4 став 1 точка 11 од Законот за заштита на личните податоци за обработка на моите лични податоци од страна на Центарот за традиционална кинеска медицина Тонг Да Танг .

2. Воедно врз основа на член 13 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци, изјавувам дека давам изречна согласност за обработка на „посебните категории на лични податоци“, а кои се однесуваат на мојата крвна група и телефон за контакт со блиско лице (за итни случаи).

Изјавувам дека сум запознаен/а дека горенаведените лични податоци ќе се обработуваат заради ефикасно обезбедување на бараната услуга од контролорот или исполнување на законска обврска на контролорот, како и за научно-истражувачка дејност.

Изјавувам дека сум запознаен/а дека обработката на горенаведените лични податоци е ограничена само на оние лични податоци кои што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.

3. Врз основа на член 17 став 1 од Законот за заштита на личните податоци, изјавувам дека сум запознаен/а за: - идентитетот и контакт податоците на контролорот: Центар за традиционална кинеска медицина ТОНГ ДА ТАНГ , ул.Орце Николов 186, Скопје, Карпош, електронска (емаил) адреса: tcm.tongda.mk@gmail.com, телефонски број 071237293

4. Врз основа на член 17 став 2 од Законот за личните податоци изјавувам дека сум известен/а дека: -личните податоци ќе се чуваат во времетраење согласно со законските прописи; -контролорот нема намера да да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација; -не постојат корисници на личните категории и личните податоци нема да се откриваат на трето лице, освен доколку тоа е потребно за исполнување на законска обврска на контролот кон органите на државната власт и државните органи; -сум запознаен/а со правото да барам од контролорот пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката на личните податоци, правото на преносливост, како и да поднесам приговор на обработката на личните податоци; -сум запознаен/а за правото за повлекување на согласноста во секое време; -сум запознаен/а со правото на поднесување на барање до Агенцијата согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци; -давањето на моите лични податоци е доброволно; -како и тоа дека не постои автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи и профилирање. 5. Изјавувам дека сум запознаен со видот на традиционалната кинеска медицина, методата и постапката, начинот на кој таа се изведува и применува како и тоа дека сум согласен со евентуалните штетни последици кои што можат да произлезат со примената на таа постапка.