Извештај од Вториот меѓународен академски симпозиум за Традиционална Кинеска медицина и акупунктура
20 април 2024 година
На 17 април 2024 година, на Универзитетот Скопје, се одржа Вториот меѓународен академски симпозиум за Традиционална Кинеска медицина и акупунктура, со тема „Промовирање на висококвалитетниот развој на меѓународната Традиционална Кинеска медицина, развој на високото образование и подобрување на напредните нивоа. Синџир на индустријата за Традиционална Кинеска медицина, која служи за здравјето на луѓето“. Организатор на овој симпозиум беше Здружението за Традиционална Кинеска медицина и акупунктура Тонг Да Танг ТКМ Скопје, со активно учество на професори од Македонија и Н.Р. Кина.
Симпозиумот го отвори ректорот на Универзитет Скопје, проф. Аце Миленковски кој уште еднаш се осврна на образованието и здравјето како столбови на опстанокот и развојот на кое било општество и на човештвото во целост.
Над 19 години, од 2015 година па до денес, повеќе од 100.000 пациенти од различни земји се лекувани од страна на докторите на „Здружението на Тонг Да Танг ТКМ, Скопје“ со исклучително високи стапки на излекување, а многу од нив се болести кои се на листата на неизлечиви болести според Светската Здравствена Организација. 5.200 студенти на различни универзитети се едуцирани со висок квалитет од профофесорите од „Здружението за Тонг Да Танг ТКМ, Скопје“. 110 млади студенти: по медицина, медицински сестри и физиотерапевти добија едукација за ТКМ во Н.Р. Кина со препорака од „Здружение на Тонг Да Танг ТКМ, Скопје“. Во областа на научното истражување, повеќе од 200 научни трудови за Традиционалната Кинеска медицина се објавени во меѓународни научни списанија, а повеќе од 100 научни трудови се со импакт фактор.
Продлабочениот развој на Традиционалната Кинеска медицина кај јавноста ја илустрира побарувачката за Традиционална Кинеска медицина во Македонија. Особено за време на пандемијата, Традиционалната Кинеска медицина им пружи голема помош на пациентите со КОВИД-19 и одигра позитивна улога во заштитата на медицинскиот систем и здравјето на народот во Македонија.
Поради огромната научно-истражувачка и образовна дејност како и клиничка пракса, Здружението ги организираше двата интернационални сумпозиуми за Традиционална Кинеска медицина во Македонија кои имаа огромна посетеност, а активно учество земаа многу професори од Македонија, Н.Р.Кина, Виетнам, Хрватска и др. Првиот интернационален сумпозиум се одржа во 6 декември 2017 година во Штип.
Поесебна чест е обраќањето на амбасадорот на Н.Р. Кина во Македоцнија г-нот Џанг Ѕуо кој истакна дека Традиционалната Кинеска медицина е богатство на цело човештво. Традиционалната кинеска медицина потекнува од Кина и му служи на светот. Од антималатична до КОВИД -19, Традиционалната Кинеска медицина (ТКМ) ја покажа својата единечна вредност и е од позитивно значење во збогатување на медицинската кауза во светот и промовирање на истражувања на науката на животот. Амбасадорот истакна дека развојот на Традиционалната Кинеска медицина и западна конвенционална медицина имаат широки перспективи и треба да "учат една од друга" за подобро да служат на човековото здравје. НР Кина е подготвена да соработува со Македонија за целосно да ги искористи предностите на Традиционалната Кинеска медицина и да промовира заедница на подобро човеково здравје!
Професорот Валентин Мирчески, академик на Академија на наука и уметностите на Северна Македонија, на овој семинар даде прекрасна анализа на хемиските реакции на водата и водата во Традиционалната Кинеска медицина.
Од НР Кина имаа активно учество професори од Лиаонинг Универзитетот за ТКМ и Тианџин Универзитетот за ТКМ.
Од Лиаонинг Универзитет за ТКМ учество зема Проф.д-р Лиу Џингфенг, декан за интернационална размена на студенти, директор на оделот за интернационална соработка на Лиаонинг Универзитетот, Шенјанг, Н.Р. Кина. Проф. Лиу даде исцрпен говор за високото образование за ТКМ во Н.Р.Кина, направи споредба помеѓу Н.Р.Кина и Европа, а посебно даде акцент на квалитетно високо образование на ТКМ со квалитетна клиничка пракса.
Од Лиаонинг Универзитет за ТКМ зема активно учество и проф. д-р Џанг Хуијонг, шеф научник и мастер професор, директор на хематологија на Лиаонинг универзитетот и болница за ТКМ, Шенјанг, Н.Р. Кина. Говорот на професорот Џанг е за основната кинеска теорија и старата историја на TКM, за 2000 години од Хуанг Де Ниан Џин TКM Библијата, која започнува од тоа време. Тоа не значи дека оттогаш започнува ТКМ, а пред тоа 3000 години веќе има ТКМ во клиничката пракса со лекување на многу болни, со тоа се докажува постоењето на ТКМ од 5000 години. Главна точка професорот ја стави на хармонијата помеѓу човекот и природата. Секој човек е една честичка од природата, и од општествениот живот, и од животната средина. Како да го заштитиме нашиот орган и да ги исчистиме токсините од телото. Но, науката е наука, животниот стил е промена, но филозофијата не се менува. ТКМ делува подобро од конвенционалната медицина посебно за автоимуните болести и психолошки нарушувања.
Проф.д-р Јихе Зху како дел од Центарот за ТКМ "Тонг Да Танг" од Скопје и дел од Универзитетот Скопје, со неговото долгогодишно клиничко искуство даде исцрпно излагање за високото образование, законите и правилниците за ТКМ во Македонија и за квалитетна клиничка пракса на идните студенти. Тој го цитираше претседателот на Н.Р. Кина, Кси Џипинг кој изјави “ TCM is the treasure of ancient chinese science and the key to the archive of chinese civilization", а со тоа квалитетно високо образование е столбот на една цивилизација!
На Вториот интернационален симпозиум активно учество зема г-ин Роџер Дуан Ван Хај и Црвен крст, Скопје кои долги години работат проект "Чи гонг и здравје". На овој проект учествуваат 220 учесници, односно возрасна група над 70 години. Тие имаат вежби на Чи гонг 3 пати неделно, а со тоа го подобруваат и одржуваат своето здравје.
Од Универзитет Скопје, Проф. Јана Илиева даде детално објаснување за улогата на Здравствениот менаџмент во здравството и општеството. Таа додаде дека Здравствениот менаџмент е важна алка за подобри услови во здравствениот систем.
Од Тиенџин Универзитетот за ТКМ од Н.Р. Кина активно учество зема и проф.д-р Венг Мјао. Таа даде детален осврт за базите на ТКМ, 5-те елементи, поврзаноста на човекот и природата.
Детален статистички клинички пристап со своето излагање даде проф. д-р Благица Арсовска, директор на Центарот за ТКМ Тонг Да Танг, Скопје. Долгогодишното клиничко истражување во Центарот за ТКМ даде инзворедни резултати за лекување на хипо и хипертироидизам, споредбени статистички анализи кај истите дијагнози со Традиционална Кинеска медицина и конвенционална медицина и превенција за истите.
Кога поранешниот македонски претседател проф. Ѓорѓе Иванов ја пречекал делегацијата од Универзитетот за Традиционална Кинеска медицина од Ченгду во Македонија во 2015 година, тој рекол: „Кога јас бев во Н.Р Кина и присуствував на Вестерн Експо во октомври минатата година, заедно со кинеските лидери постигнавме консензус за многу прашања, вклучувајќи ја и промоцијата на Традиционалната Кинеска медицина во Македонија. Македонија почна да ги менува релевантните закони за да ја инкорпорира Традиционалната Кинеска медицина во македонскиот медицински систем."
За Македонија ова има големо значење. Кога голем број на луѓе ги напуштаат своите родни места заради егзистенција, обезбедувањето висококвалитетно образование за TКM и обезбедувањето стабилни кариери е несомнено добра заштитна мерка за земјата и луѓето.
Со оглед на важната улога на Традиционалната Кинеска медицина во медицинскиот систем на Македонија, Здружението за ТКМ одлучи официјално да го промовира планот за високообразовна студиска програма за Традиционална Кинеска медицина и свечено објавивме дека курсот за квалитетна настава за Традиционалната Кинеска медицина официјално ќе започне, а наставата ќе се одржува на Универзитетот Скопје, во Скопје, почнувајќи од јуни 2024 година. Предметната програма и професорите кои истата ќе ја изведуваат се професори од Здружението за ТКМ, Тонг Да Танг.
Карактеристиките на наставните методи се врз основа на реалните клинички случаи објавени во медицински научни списанија, ќе се изучуваат практична компаративна теоретска анализа на традиционалната и конвенционалната медицина, така што студентите ќе имаат подлабоко разбирање за клиничките предности од комбинирањето на патофизиологијата на двете медицини за да имаат познавање од специфични и точни дијагностички вештини, да имаат брза способност да влезат во клинички контакт и да ги решат медицинските случаи. Конкретно, посебна практична настава е предвидена за болести кои СЗО ги смета за неизлечиви, бидејќи токму поради тоа што овие болести кои се сметаат за неизлечиви од СЗО, се лекуваат со традиционалната кинеска медицина, а истата помага кај терминално болните пациенти и го подобрува нивното здравје и шансите за преживување. Овие клинички случаи беа објавени во различни меѓународни научни списанија. Дел од нив може да се прочитаат и на веб-страницата „Здружение на ТКМ Скопје“. Сите заинтересирани кадидати се добредојдени да го добиете ова одлично квалитено клиничко и научно образование и да изберете кариера што ќе Ве направи горди.
Ве молиме запомнете: Овој курс на високо образование на TКM е единствениот правен легален образовен курс за TКM во Македонија кој ќе биде изведуван од наставен кадар кој ги исполнува условите од законот за КАМ, односно професори по ТКМ и клинички доктори по ТКМ.
Се молат студентите да внимаваат на информациите за упис на курсеви на веб-страната на Универзитетот Скопје и Здружението за ТКМ Тонг Да Танг, Скопје, и навремено да се пријават.