https://www.youtube.com/watch?v=N__KHLMXdpU
Видеото е на тема болката од перспектива на традиционалната кинеска медицина (ТКМ). Насловот е приближно „Крајната мистерија на болката – изворот на различните болки е еден збор“, и се повикува на Huangdi Neijing (黄帝内经).
Според ТКМ, многу различни видови болка се поврзуваат со нарушено движење на Qi и крвта. Како главен фактор се издвојува студ/ладна патогена енергија, која според ТКМ може да предизвика стегање и застој. Во видеото цветот се користи како метафора за човечкото тело: кога температурата паѓа, „каналите“ се стеснуваат, протокот се нарушува и се појавува болка се објаснува и зошто кај некои болки притисокот помага, додека кај други притискањето ја зголемува болката. Авторот тоа го поврзува со тоа колку длабоко е застојот/„студот“. Се зборува и за различни знаци што практичарот може да ги набљудува како боја на лице, реакција на допир/притисок, чувствителност итн. Посебно се споменува дека долготрајниот замор и преоптовареноста можат да го нарушат внатрешниот баланс.
На крајот, идејата се проширува и на емоционалната состојба: емоционалниот застој е претставен како „цвет замрзнат од студ“, кој повторно може да процвета кога ќе се создадат соодветни услови.
