Извештај од Форумот на Здружението на Практиционери за Традиционлана Кинеска Медицина и Акупунктура “Тонг Да Танг ТКМ”Скопје и  Провинциската Администрација за Традиционална Кинеска Медицина на Сичуан, Н.Р.Кина 

Учесници:

-  Провинциска Администрација за Традиционална Кинеска медицина на Сичуан ,Н.Р.Кина

- Здружение на Практиционери за Традиционална Кинеска медицина и акупунктура “Тонг Да Танг ТКМ” од Скопје, Р.С. Македонија

-  Универзитет  “Скопје” од Скопје , Р.С.Македонија

- Други сектори на општеството

Време и место на состанокот:

24.07.2024   14:00  -  Универзитет  “Скопје” од Скопје , Р.С.Македонија

Содржина за дискусија на форумот:

1. Продолжување на соработката на високо ниво меѓу Владите на Народна Република Кина и Република Северна Македонија, развивање на квалитетна клиничка здравствена дејност во областа на Традиционална Кинеска Медицина во Р.С.Македонија и промовирање на високо образование од областа на Традиционалната Кинеска Медицина.
2. Ефикасно и вистинско имплементирање на законските одредби од Законот за КАМ ( Закон за Комплементарна и Алтернативна Медицина од 2015 година), за основање на КОМОРА, обезбедувајќи им на квалификуваните практиционери од областа на Традиционална Кинеска Медицина да можат да добијат лиценци за правна пракса во Република Северна Македонија.
Резултати од дискусија и консензус:
Учесниците едногласно се согласија за точките од дискусијата споменати погоре и изразија силна поддршка за развој на високото образование од областа на Традиционална Кинеска медицина предводена од Здружението на Практиционери за Традиционална Кинеска Медицина и акупунктура Тонг Да Танг ТКМ Скопје на Универзитетот “Скопје” во Скопје.